Во пресрет на Денот на независноста на Македонија 8 Септември на градскиот плоштад се одржа празнична приредба под мотото „Децата пеат за Македонија“. За прв ја организираа одделенските наставнички од Тетово заедно со нивните ученици. Настанот започна со изведба на химната од страна на детскиот хор Крешендо.
„Ова е прв пат да се организираме, одделенски наставници од тетовските училишта, се договоривме дека на овој значен празник мора да му дадеме поголем акцент, да се развива љубовта кон татковината на дечињата. За време на подговотовките децата беа многу возбудени. За оваа манифестација изработија знаменца, а подготвија музички точки,стихотворби и рецитал. Мотото беше „Децата пеат за Македонија, информираше Соња Трифуновска, одделенска наставничка.
Со свои изведби се претставија ученици од основните училишта „Лирија“, „Гоце Делчев“, „Братство-Миѓени“, „Андреја Савески Ќиќиш“ и „Кирил и Методиј“ со подрачните одделенија во Сараќино и Фалише.
Настапија и најмладите играорци од КУД „Шара“