Тетовската полиција бележи пријава за повредено 15 годишно дете, кој друг малолетник го ранил со нож. Во СВР Тетово евидентирани уште две пријави за физички напади и повредени луѓе во сообраќајки.
-Четириесетгодишната тетовка Д.М.С., вчеравечер (3 септември) во 23 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 10 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Според пријавеното, напаѓачот користел и остар предмет со кој му нанел повреда. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Четириесет и петгодишниот Б.З. од тетовско Долно Седларце, вчера (3 септември) во 19 часот во СВР Тетово пријавил дека претходно бил физички нападнат од едно лице од истото село. Се расчистува случајот.
Дваесет и едногодишниот тетовец Г.Љ., вчера во 19 часот во СВР Тетово пријавил дека тој и неговиот татко физички биле нападнати од чичко му М.Љ(49). поради нерасчистени имотно-правни односи. Се расчистува случајот.
Вчера (3 септември) во 23 часот и 5 минути во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Л.Љ.(26) од Тетово, удрило во 61-годишниот пешак А.У, исто така, од Тетово. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
Вчера (3 септември) во 10 часот и 55 минути во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф “ со тетовски регистарски ознаки што го управувал 65-годишниот Р.А. од тетовско Ѓермо удрило во пешакот М.А.(82) од Тетово. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. Увид извршила екипа од СВР Тетово.