Вчера (3 септември) од 14 до 22 часот во акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги прават мотоциклистите биле откриени и санкционирани вкупно 35 прекршоци (ТЕ-23 и ГВ-12).
-Најголемиот број од нив (ТЕ-15 и ГВ-2) се однесувале на некористење заштитна кацига, односно шлем, 8 лица (ТЕ-5 и ГВ-3) ги управувале мотоциклите без возачки дозволи, 5 (ТЕ-1 и ГВ-4) без осигурителни полиси и така натаму. На прекршителите им се изготвени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од видот на прекршокот, се движат од 50 до 250 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, со законски предвидените поднесоци заокружени се и 18 (ТЕ-6 и ГВ-12) други видови сообраќајни прекршоци, информираат од СВР Тетово.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до мотоциклистите задолжително да ја користат потребната заштитна опрема, пред се кациги, да не седнуваат зад управувачот без положен возачки испит и да ја прилагодат брзината, посебно доколку се движат по градските улици,во близина на училишта и други јавни објекти, а да внимаваат и на бучавоста во вечерните часови