Вчера (10 септември) во 10 часот и 35 минути А.Ќ.(41) од тетовско Пршовце во СВР Тетово пријавил дека неговиот малолетен син во тетовско Глоѓи бил каснат од куче скитник.
Четириесет и шестгодишниот тетовец Б.Б. вчера (10 септември) во 17 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека еден час пред тоа пред станбена зграда во која живеат, неговиот малолетен син бил нападнат од женско лице. Се расчистува и документира случајот.
Педесет и осумгодишниот тетовец Н.М. вчера (10 септември) во СВР Тетово пријавил дека од дома се оддалечил неговиот 29-годишен син Ј.М. Се преземаат мерки за пронаоѓање на пријавеното лице.