Од денес на фудбалското игралиште на Спортско-рекреативниот центар во Тетово почнаа да се играа натпреварите од Детската лига-запад. Годинава ќе се натпреваруваат 26 клубови со вкупно 94 екипи и над 500 фудбалери од генерациите 2012-2017 кои се од Тетово, Гостивар и руралните населени места.
„Интересот е голем и масовен. За разлика од лани имаме и четири екипи повеќе, па наместо 90 пријавени се 94 екипи во рамки на шест генерации на фудбалери родени 2012 па се до 2017 година. Есенскиот период натпреварите ќе се играат во рамки на 10 кола во Тетово или Гостивар“, информираше Иса Емурли, координатор на Детската лига-запад.
На пролет ќе се одиграат уште 10 кола. За Детската лига-запад недостигаат судии за натпреварите. Координаторот Иса Емурли ги повикува сите поранешните фудбалери кои можат да се активираат и да се пријават да бидат судии.