Дел од вработените во јавниот сектор кои беа ангажирани во избирачките одбори (ИО) за претседателските и парламентарни избори 2024 сè уште ги чекаат надоместоците за нивната работа. Исплатата доцни за членови во некои за избирачки одбори во некои од општините во тетовскиот регион, како што се Боговиње и Желино, велат граѓаните во допис до Тетово инфо.
„Јас бев член на избирачки одбор во населено место Општина Боговиње и немам сè уште добиено надоместок за работа во текот на деновите од изборите во април и мај. Побарав одговори од Општинската изборна комисија но не добив“, информираа луѓе со допис до нашата редакција.
Од Државната изборна комисија на нашето новинарско прашање зошто доцни исплата на надоместокот за ИО за претседателските и парламентарни избори 2024, информираа дека ги чекаат Општинските избори комисии да поправат одредени податоци во документите.
„Државната изборна комисија изврши исплата на надоместоците за претседателските и парламентарни избори, на 23 општини кај кои Општинските изборни комисии ги корегираа недостатоците или неправилностите по обработка на податоците од страна на ДИК. Во моментот се очекуваат корекциите од останатите Општински изборни комисии, по што ДИК веднаш ќе ја извршии исплатата. Сакаме да појасниме дека Државната изборна комисија по добиените првични податоци за ИО од страна на Општинските изборни комисии, вршеше контрола и обработка на истите и по констатирани недостатоци односно недоследности истите беа вратени до ОИК за да се направат потребните корекции“, информираа од Државната изборна комисија.
Додаваат дека Општинските изборни комисии кои извршиле корекција и истата ја доставиле до ДИК се исплатени а се очекуваат и останатите истото да го сторат за да може што побрзо да се изврши исплатата на надоместоците.