-Полициски службеници на СВР Тетово вчера (11 јули) околу 10 часот, на улица „Штипска “ во Тетово, ги лишиле од слобода гостиварците Е.Е.(36) и Е.П.(37), затоа што кај нив бил пронајден и одземен хероин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информира СВР Тетово.
-Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска (12 јули) околу 3 часот и 15 минути го лишиле од слобода 34-годишниот тетовец Б.А. кој бил пријавен од неговиот 30-годишен брат дека еден час пред тоа физички го нападнал. Се расчистува и документира случајот, информира СВР Тетово.