Полициски службеници на СВР Тетово вчера (2 јули) од 16 до 22 часот спровеле акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која биле откриени и санкционирани 54 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-23 и ГВ-31), од кои 3 (ТЕ) за 50 до 70 километри на час повеќе од пропишаното. Покрај ова, со изготвување на законски предвидените поднесоци заокружени се и 34 пречекорувања (ТЕ) во населено место, од кои 1 возач се движел со брзина за 50 километри повеќе од дозволената, а санкциониран, исто така, бил и 1 (ТЕ) друг вид сообраќаен прекршок.
Изминатиот викенд (1/2 јули) од 23 до 5 часот на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е акциска контрола – дали и колку од возачите управуваат под дејство на алкохол. Притоа биле откриени и санкционирани вкупно 14 возачи (ТЕ-9 и ГВ-5) кај кои бил констатиран алкохол во организмот. Сите „алкохолизирани“ возачи веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките дозволи и изготвени им се поднесоци во кои се предвидени парични глоби кои зависно од степенот на алкохолизираност се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол и да ја прилагодат брзината според условите на патот. Ова, дотолку повеќе што деновиве во Полошкиот регион значително зголемена е вкупната фрекфренција на патиштата и градските улици во Тетово и Гостивар