Соопштение на СВР Тетово 9 февруари 2024
Триесет и шестгодишната Х.З. од Тетово вчеравечер (8 февруари) во 21 часот во СВР Тетово пријавила дека еден час пред тоа на улица „Илинденска“ во Тетово била физички нападната од две женски лица кои притоа и го одзеле и златниот накит што го имала на себе. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Ноќеска (9 февруари) околу 2 часот и 40 минути, на улица „167“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 36-годишниот гостиварец Ј.Б. Еден час пред тоа тој бил пријавен од 53-годишниот тетовец А.Н дека на улица „Маршал Тито“ физички го нападнал и дека во нападот користел метален предмет, а дека друго лице кое било со него, му се заканило со огнено оружје. На Ј.Б. му биле пронајдени и одземени нож, пендрек на расклопување и патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, а тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (8 февруари) околу 18 часот и 30 минути во Блок 82 во Тетово, го лишиле од слобода Л.Ц.(20) од Тетово затоа што при преглед му била пронајдена и одземена марихуана. Се расчистува и документира случајот и против него ќе следува поднесок.
Вчеравечер (8 февруари) околу 22 часот и 25 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 18-годишниот Ј.Ј. од тетовско Добарце, кој бил пријавен од 18-годишниот тетовец А.Ш. дека на излегување од угостителски објект на улица „167“ во Тетово физички го нападнал и му се заканил со остарпредмет. Случајот е расчистен и на пријавениот Ј.Ј. изготвен му е поднесок.
Дваесет и петгодишниот М.Д. од тетовско Џепчиште вчера (8 февруари) во 13 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека дваесетина минути пред тоа во селото физички бил нападнат од неговиот соселанец Б.А, а поради нивни нерасчистени должничко-доверителни односи .Се расчистува и документира случајот.
Денеска (9 февруари) околу 4 часот и 30 минути полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 42-годишната А.А. од тетовско Нераште поради сомнение дека сторила кривично дело „фалсификување на исправа“. Таа е задржана во Полициската станица Тетово за натамошна постапка