На Балканското првенство во Љубљана, Словенија кое ќе се одржи од 17 до 19 ноември ќе настапат 11 каратисти од Тетово како членови на репрезентацијата на Македонија. Ова првенството е за кадети, јуниори и каратисти под 21 година.
Ќе настапат Лука Бојоски од КК Шарпланинец-Тетово, Михаела Мишовска членка на Олимпик Спорт 2007 Скопје, Алдин Абази, Алдина Абази, Анди Зибери, Ердона Зибери, Астрит Османи од КК Фати Тетово, како и Дрин Лимани, Блертон Сулејмани, Блери Зеќири, Вегим Мурати од КК Шкендија.
Лука Бојоски, 19 години ќе настапува во У21, полутешка категорија под 84 килограми.
-Се што можам да ветам е дека ќе ја претставам репрезентацијата на Македонија во најсветло издание и дека резултатот ќе дојде сам по себе. Благодарам на сите што ми помогнаа и ме подржаа да настапам на овој турнир,најголема благодарност до мојата фамилија и мојот тренер, изјави Лука Бојоски.
Од Тетово како судии на првенството ќе бидат Ангела Анѓелковска и Ветон Мурати.