Тетово инфо, 9 март 2024
СВР Тетово вчера (8 март) стартуваше со проектот””, чиј носител е Отсекот за превенција.Со овој проект вкупно ќе бидат опфатени околу 2200 осмооделенци од над 70 основни училишта на тетовско-гостиварското подрачје.
Портпаролот Марјан Јосифоски информира дека веќе се одржани првите предавања во училиштата во тетовските села Жеровјане и Стенче.
„Полициските службеници на СВР Тетово поблиску ги запознаа учениците со корпусот нивни права, но и со законските обврски од безбедносна природа и карактер. На учениците посебно им беа објаснети најчестите девијантни појави од областа на јавниот ред и мир, потоа – што значи врсничкото насилство и како се манифестира и санкционира истото, а пред се личните и заедничките обврски кон семејството, училиштето и општеството во крајна линија“ информира Јосифоски.
Според портпаролот проекот се планира целосно да се реализира до крајот на овој месец и се очекува тој значително и практично да придонесе за подигнување на свеста на осмооделенците за неопходноста тие секогаш и секаде да ги ползуваат правата, меѓутоа и да ги почитуваат законските обврски предвидени за возраста на која и припаѓаат, а и подоцна.
фото СВР Тетово