Тетово инфо 9 март 2024 – Соопштение на СВР Тетово
Полициски службеници на СВР Тетово на 8/9 март од 21 до 3 часот спроведоа уште една од континуираните акциски контроли на возачите – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол.
При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 12 возачи (ТЕ-7 и ГВ-5).Кај најголемиот број од нив (9) биле измерени до 1 промил алкохол во организмот, односно во крвта.Сите се веднаш исклучени од сообраќај, изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност, а времено им се одземени и нивните возачки дозволи.Во акцијата, исто така, санкционирани се и 42 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-26 и ГВ-16).
СВР Тетово со уште еден апел до возачите да се воздржат од консумирање алкохол ако возат, без разлика на поводот и другите околности. Зашто, под дејство на алкохол ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.