Соопштение на СВР Тетово 28 септември 2024
На 27.09.24 во 17.05 часот во СВР Тетово, Б.А. од с.Шемшово, тетовско, пријавил дека во основно училиште во селото, неговата малолетна ќерка за време на одморот била физички нападната од друг малолетник – ученик од истото училиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.09.2024 во 21.30 часот во Полициското одделение Камењане, А.Ф.(46) од с.Камењане, тетовско, пријавил дека во продажен објект во селото, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка и од нејзината 45 – годишна мајка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.09.2024 во 01.10 часот во СВР Тетово, С.Ф.(50) од Тетово пријавила дека претходниот ден околу 22.30 часот на улица ,,Илинденска” во Тетово, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.