Во најновата акциска контрола за однесување на пешаците во сообраќајот вчера казнети се 17 луѓе за прекршок- преминување на улиците надвор од обележани премин.
Воедно и четворица други прекршители не ја почитувале светлосната сообраќајна сигнализација, а направиле и други видови прекршоци. На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 30 до 50 евра во денарска противвредност.
-Целта на овие и другите контролните активности е подигнување на сообраќајната свест и култура на пешаците и подобрување на нивната безбедност. Ова, дотолку повеќе што минатата година на тетовско-гостиварското подрачје речиси половината од настраданите во несреќите биле пешаци, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во 2002 година на подрачјето на Тетово во сообраќајни несреќи животот го загубиле четворица пешаци што претставува скоро половина од вкупниот број настрадани во сообраќајки, осум лица (8) покажува евиденцијата на одделот за аналитика при СВР Тетово за податоците од минатата година.