Соопштение на СВР Тетово.
Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска (18 септември) околу 3 часот и 35 минути, на улица „Љуботенска“ во тетовска Мала Речица, го лишиле од слобода 28-годишниот Н.С. од Гостивар, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Осумнаесетгодишниот Х.И. од Тетово вчера (17 септември) во 19 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот и 40 минути на улица „Штипска“ во Тетово бил физички нападнат од неговиот роднина Б.А.(32), кој претходно агресивно се однесувал во неговиот дом. Се расчистува и документира случајот.