• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Пожарот на депонијата во Добарце изгаснат со хемиски препарат, горат депонии во Селце и Ѓермо

18/09/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Десет дена откако избувна пожарот на депонијата во село Добарце е целосно изгаснат во текот на вчерашниот ден со употреба на хемиски препарат, оценија денес од Општина Желино и Територијалната противпожарна единица Тетово на заедничка прес-конференција.

Пожарот на илјадниците тони складиран смет избувна на 9 септември, по што секојдневно интервенираше тетовската пожарна, некои денови се интервенираше со механизација, а еднаш и со фрлање на вода од противпожарните авиони.

– Ние сме се обиделе како Општина, сме се потрудиле со сите нашите механизми и капацитети во соработка со ЦУК и ДЗС. Но не бевме во можност да го изгаснеме целосно. Сакаме да им се заблагодарам на сите особено на ТППЕ Тетово, тие од првиот ден до вчера работеа. Исто благодариме до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по негова препорака, ангажиравме една компанија што е специјализирана за гаснење на пожари и со нивен препарат успеавме да го изгасиме вчера. Почнавме во шест наутро и се гасеше 12 часа, изјави Јасин Шаќири, шеф на кабинетот на градоначалникот.

Тетовските пожарникари покрај секојдневното гаснење со употреба на цистерните со вода вчера го извеле и потфатот со специјалниот препарат.

– За хемикалијата, многу добро ни дојде, експерт од Битола е. За нас пожарникарите ова беше добредојдено, од првиот ден, секој ден доаѓаме тука, фрламе вода, не успеваме да го гасиме, се знае дека депониите не се гасат со вода. Експертот ни кажа дека ако може да чади на некои места помалку, после неколку денови ќе го изгасне целосно, изјави Авни Амети, командир на тетовската пожарна.

Пожарната и понатаму во тетовскиот регион гаси нови пожари на депонии во атарите на Селце и Ѓермо. Поради тоа секојдневно се чувствува и непријатна миризба и има чад и во Тетово.

ас

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Се искачиле на Титов врв и испишале графит на планинарската кула

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
85%
2.37mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!