Граѓаните кои чекаа за да ги фотографираат за нови возачки дозволи денес почекаа некоја минута повеќе, затоа што техничкиот премиер Талат Џафери ненајавено го посети СВР Тетово и просториите каде што се прави фотографирање на граѓаните за лични карти, пасоши и возачи дозволи со новото уставно име Република Северна Македонија. Посетата ја следеа само дел од медиумите на албански јазик.
Во една од канцелариите каде што се прави фотографирање за замена на возачите дозволи, Џафери праша „Како ви оди“ на што еден од вработените рече дека е тешко, има многу за замена и дека имаат само една базна станица.
-Што сте правеле до сега кога законот вели од кога треба да се издава, да се менува, му рече Џафери.
-Ние сме биле тука, кој што дошол сите биле услужени, му порала вработениот.
Техничкиот премиер продолжи со разговор и рече дека иако има нов рок, декемри ќе дојде како утре, а воедно почна да зема документи од луѓето и да им ги дава на вработените и да ја критикува нивната работа.
-Нека излезе еден нека ги собере документите. Тој што треба да плати, дали се во ред документите тој што има термин нека го чека терминот. Треба да ја организирате работата, даваше насоки техничкиот премиер.
Ова место е единствено за сите кои сакаат да се фотографираат од цело Тетово и Тетовско истакна вработен во овој оддел.
фотографии Нистори