Општина Тетово информираше дека викендов бил извршен вандалски чин и искршено стакло на прозорец на една од градинките.
-Не престануваат вандалските дејствија врз институциите на Oпштина Тетово. Непознати лица викендов ја оштетиле градинката „Младост“ во Тетово, при што ги искршиле стаклата. Овој варварски и скандалозен чин е пријавен во полиција, по што очекуваме сериозни истраги и расчистување на случајот.Насилството врз институциите и оштетувањето на јавниот имот не не плашат и не ја одбиваат нашата цел за развој на нашиот град. Тетово ќе воскресне, ќе се развива и ќе биде пример во регионот, соопштија од Општина Тетово.