Околу 17 часот заврши шестчасовното гасење на пожарот во борова шума на планината Сува Гора во атарот на село Милетино во Општина Брвеница, информираа од Центарот за управување со кризи.
Од 11 часот беше почната интервенцијата за гасење на огнот од страна на тетовските пожарникари но и на три противпожарни авиони „Ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.
– Пожарот во Општина Брвеница, кај село Милетино е изгасен. Трите противпожарни авиони на ДЗС и хеликоптерот на МВР се повлечени. На терен ќе останат да дежураат вработени од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, ЈП „Национални шуми“ и од полицијата, информираше Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи.
Од Територијалната противпожарна единица Тетово информираа дека една нивна екипа интервенирала и околу 13 часот изгасила пожар на отворено во атарот на село Лешок, Општина Теарце
ас
фото ЦУК