Во рамки на годишната програма на Национална установа Музички ансамбл во Република Северна Македонија со седиште во Тетово денес на големата сцена на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово ја изведе симфониската бајка за деца „Петар и волкот“, концерт со наратив, наменет за најмладата публика.
Музичката приказна за децата беше изведена со настап на Камерен оркестар под палката на диригентите Агона Чупи и Ангел Спироски, додека приказната ја читаше нараторот Рахим Рамадани.
„Симфониската бајка „Петар и волкот“ е интересна и хумористична приказна за храброто момче Петар кое со помош на животни и ловци се обидува да го фати лошиот волк. Секој лик во приказната е претставен со еден инструмент, кои заедно формираат весела и храбра музичка дружина. Овој едукативен концерт на уникатен начин ги запознава децата со класичната музика, со музичките инструменти, нивниот тон и можност да ги доживеат ликовите опишани преку музика. Живописниот наратив ги привлекува младите слушатели во авантура, истакнувајќи теми како што се: храброста, пријателството и важноста на критичкото размислување, информираа од Музичкиот ансамбл
Музичката приказна е дело на славниот руски композирот Сергеј Прокофиев, а Музички ансамбл денес изведе две претстави на македонски и албански јазик.