Во Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово вработените во периодот за пауза се собраа во дворот од установата и преку медиумите испратија порака за загриженост и револт поради зголемените случаи на насилство врз нив.
Се бараат итни мерки за нивна заштита – нападот врз социјален работник да се третира како напад врз службено лице, да имаат физичко обезбедување, психосоцијална поддршка, подобри услови за работа и построги санкции за насилниците. Ова барање следуваат по вчерашното ранување со огнено оружје на нивна колешка во Прилеп.
„Се собравме за време на паузата во однос на настанот кој вчера се случи во Прилеп во знак на поддршка на нашата колешка која беше повредена од огнено оружје од корисник кој долго време бил третиран во центарот согласно законската регулатива. Истата е со телесна повреда, да не зборуваме за менталната повреда, стресот и траумата на работно место, истакна Ѓурѓица Новеска, социјален работник.
Тетовскиот Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово воедно истакна и поддршка за сите колеги од сите центри кои имаат иста методологија на работа.
„Сметаме дека ваквиот немил настан, се случил на работно место каде како приоритетни се заштита направата и интересите првично на децата, семејните проблеми, како и материјалните помошти, не е наивна работа и дефинитивно е од јавен интерес. На службеник што решава така сензитивни прашања никој не треба да му врши притисок врз здравјето и работата. Едно поради самиот службеник, а друго поради сите судбини кои зависат од тој службеник или стручниот тим кој постапува. На колешката од ЦСР Прилеп и посакуваме побрзо оздравување“, истакна Ѓурѓица Новеска, социјален работник.
Социјалните работници бараат итни мерки за заштита-нападот врз нив да се третира како напад врз службено лице, да имаат физичко обезбедување, психосоцијална поддршка, подобри услови за работа и построги санкции за насилниците.
ас