Во денешното соопштение СВР Тетово информира дека ноќеска (26 јануари) околу 1 часот во казино во тетовско Теарце, при преглед на 21-годишниот А.Д. од тетовско Непроштено, бил пронајден и одземен нож. Нему му е изготвен поднесок по член 80 од Законот за оружје.
Член 80 од Закон за оружје вели дека глоба во износ од 600 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице кое: 1) набавува, поседува, произведува, поправа, онеспособува, продава, разменува, пренесува или даде на друг, оружје, делови на оружје и електрични парализатори од членот 4 став 2 на овој закон, освен огненото оружје и муницијата од членот 4 став 2 на овој закон; 2) набавува делови за оружје на начин спротивен на одредбите на членот 7 став 2 од овој закон; 3) поседува муниција во количина поголема од утврдената во членот 7 став 5 на овој закон; 4) носи и употребува оружје за кое му е издадена потврда за поседување на оружје согласно со членот 21 став 4 на овој закон; 5) го носи оружјето на начин спротивен на одредбите на членот 24 од овој закон; 6) набавува колекционерско оружје на начин спротивен на одредбите на членот 26-а на овој закон;
Во соопштението СВР Тетово информира и дека 48 годишниот А.Ш. од тетовско Пршовце, вчеравечер (25 јануари) во 22 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 18 часот и 30 минути на улица „Илинденска“ во Тетово неговиот малолетен син физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.