Соопштение на СВР Тетово 27 јули 2024
На 27.07.2024 во 03.30 часот во СВР Тетово, Г.Ќ.(25) од Данска, со живеалиште во Тетово, пријавил дека на 26.07.2024 околу 21.30 часот пред угостителски објект покрај регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај тетовско Пршовце, додека седеле во патничко возило со негови другари, Л.Ф.(26) од Данска, со живеалиште во скопско, од огнено оружје пукал кон него и му нанел прострелна рана. Тој бил пренесен во тетовската клиничка болница каде му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 26.07.2024 година во 14.20 часот во СВР Тетово, 20- годишната девојка од Тетово пријавила дека била физички нападната од нејзиното момче Г.Ш. од тетовско, кој ѝ го оштетил и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.07.2024 во 21.45 часот на улица „Благоја Тоска” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Е.(25) од тетовско Желино затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.Тој е задржан во полициска станица и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
На 26.07.2024 во 07.25 часот во СВР Тетово – Полициско одделение Јегуновце било пријавено дека во с.Шемшово, тетовско, настанал пожар во плевна сопственост на О.Ј.(48) од с.Шемшово. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 26.07.2024 во периодот од 15.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Тетово, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа, санкционирани се 17 возачи, од кои 8 на територија на Тетово и 9 на територија на Гостивар. Исто така во текот на контролата биле констатирани и санкционирани 17 останати прекршоци (ТЕ-15 и ГВ-2).
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта,