Соопштение на СВР Тетово 29 јануари 2024
Од стапувањето во сила на законската обврска за задолжително користење на зимска опрема во сообраќајот, на 15-ти ноември минатата година, до денеска (29 јануари) на поширокото тетовско подрачје биле изречени вкупно 162 мерки, a на гостиварското подрачје 48 мерки.
На возачите кои во овој период не ја поседувале пропишаната опрема во патничките или товарните возила изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 45 евра во денарска противвредност.
Контролните активности на овој план со несмалено темпо и динамика ќе продолжат до 15-ти март годинава, до кога ќе се применува законската опрема и ќе се санкционираат сите возила и возачи кои нема да се придржуваат на обврската.
Секторот за внатрешни работи Тетово со повторен апел до возачите и пред се до оние кои планираат да патуваат кон Попова Шапка, Стража или Маврово задолжително да ја поседуваат потребната опрема, со што најнепосредно ќе придонесат за сопствената и вкупната безбедност на сообраќајот во регионот. Покрај тоа, им се советува и да ја прилагодат брзината според условите на патот, а тие кои ќе се движат по долината на Радика да внимаваат и на можни одрони од камења, посебно во доцните вечерни и раните утрински часови, кога е можна и појава на голомразица.