Вчера (7 ноември) на подрачјето на СВР Тетово од 10 до 14 часот спроведена е акциска контрола на пешаците – учесници во сообраќајот.
При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 43 прекршоци (ТЕ-26 и ГВ-17).Најголемиот број од прекршоците (ТЕ-22 и ГВ-17) се однесување на преминување на улиците надвор од обележани пешачки премини, а преостанатите на непочитување на светлосна сигнализација на крстосниците.
На сите прекршители изготвени им се поднесоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и покани да присуствуваат на таканаречена сообраќајна поука. Оние кои нема да присуствуваат на ваквата поука ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од видот и карактерот на прекршокот, се движат од 15 до 50 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, санкционирани се и 14 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел и совет до пешаците да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците и како се движат по улици и патишта на кои нема обликувани тротоари. На возачите, пак, им се укажува секогаш да им даваат предност, односно да ги пропуштаат пешаците и да ја прилагодат брзината, посебно во близина на детски градинки, училишта и други јавни објекти.