Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово известува дека ќе се врши миење на улиците „Борис Кидрич“ и дел од булевар „Благоја Тоска вечерва, од 23:30 часот. Поради тоа апелираат до граѓаните да ги тргнат своите возила кои се паркирани на улиците за да се овозможи непречено миење на коловозните ленти.