Од остатоци од текстил и облека, прави шапки. Со оваа еко-идеја со која му „најде чаре“ на дел од текстилниот отпад во Тетово, 25 годишната Мирјана Јосифоска освен што помага за почиста животна средина, покажа иновативност од која се роди и таканаречен зелен бизнис.
За ваквиот начин на изработка на шапки, Мирјан добива награди и поддршка за развој на нејзиниот бизнис А, се почнало кога како средношколка, замислете од родителите побарала- машина за шиење, за да самата си прави облека.
Во 2022 година благодарејќи на оваа еколошка идеја освојува 4000 евра награда на акцелераторска програма Up Lift Balkan наменета за млади бизнис. Следува финансиска поддршка и од програма на Универзитетот на Југоисточна Европа за забрзување на развојот на во категоријата зелени бизниси предводени од жени.
Во октомври 2023 година победи на регионалниот балкански натпревар за зелени идеи каде добива награда од 10 илјади со кои ќе ја развива својата идеја за шапки.
Лани во декември почнала и акцелераторска програма која е организирана од владината администрација на Соединетите американски држави (САД) и Универзитетот Аризона каде вели дека добила огромно искуство и научила многу работи.
Сега во тек е нејзина апликација на програма во Германија во полето на циркуларна економија, каде ја очекува гласање и оценки, а наградата е 25 илјади евра.
Мирјана Јосифоска: Во нашата државата се создава голема количинна на текстилен отпад, над девет илјади тони на годишно ниво и целта е овие остатоци кои се важен ресурс наместо да се фрлат да се реупотребат. Од нив да се создадат нови производи од типот на шапки и стегачи за коса. За коишто е потребно помалку материјал, така тоа е совршениот спој.
Инспирацијата со шапките почнува од мојата баба, од неа почна мојата љубов кон шапките исто така и шиењето. Она е една од многуте луѓе коишто биле вработени во Тетекс, којшто бил еден од најголемите текстилен центар во државата, па така на тој начин сум и емоционално поврзана со таа приказна. Целта е да се произведат производи коишто биле со висок квалитет тогаш. Дури и самиот капут што го носам е всушност од баба ми, дури и постар од мене. Меѓутоа тоа е целта на компанијата да се создадат производи кои ќе имаат добар квалитет и ќе траат долго време.