Вчера (17 јули) од 7 до 12 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола на возила и возачи, при што посебно се контролирале вградените фолии и светлосни и звучни знаци.
При контролата откриено и санкционирано биле едно возило (ГВ) со неисправни сопирачки и (ТЕ-2 и ГВ-1) со истечена сообраќајна дозвола. На возачите изготвени им се поднесоци и веднаш се исклучени од сообраќај. Санкционирани, исто така, биле и 10 возачи (ТЕ-9 и ГВ-1), од кои 2 (ТЕ) без возачка дозвола, 7 (ТЕ) со други недостатоци и 1 (ГВ) со вградени неатестирани фолии.
Возачите-прекршители откриени во вчерашната акциска контрола заокружени се со адекватни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сите правила и прописи, зашто фрекфренцијата во Полошкиот регион деновиве е значително зголемена, посебно на тетовските и гостиварските улици