Соопштение на Министерството за внатрешни работи 22 октомври 2024 за поднесени кривични пријави од страна на СВР Тетово
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и Ф.Б.(43) од с.Џепчиште, тетовско, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2023 на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, пријавените изградиле станбена зграда со еден кат повеќе од предвиденото во одобрението за градба издадено од надлежен орган.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Б.(52) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2024 на земјиште во државна сопственост, на место викано „Табачница“, пријавениот изградил ѕид без да поседува соодветна документација издадена од надлежен орган.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.(60) од с.Долно Палчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 09.10.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „сеат алхамбра“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ќ (75) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 19.12.2023 на регионалниот пат Тетово – Пирок, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген поло“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.