КУД „Бранко Чајка“ кое работи при Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово на 17 јули оваа година успешно се претстави на 13. Меѓународен фолклорен фестивал „Гази Баба 2023“ во Скопје.
-Фестивалот е во организација на АНИП „Јонче Христоски“ од Скоје, а е поддржан од Општината Гази Баба и под покровителство на градоначалникот Бобан Стефковски. На овој традиционален фестивал, кој трае три вечери на различни локации, настапија фолклорни друштва од Република Полска, Чешка, Романија и Македонија. КУД „Бранко Чајка“ настапи на третата фестивалска вечер којашто се одржа во паркот пред киното Маџари, информираа од КУД „Бранко Чајка“.
Сите фолклорни групи кои беа дел од Меѓународниот фестивал “Гази Баба 2023”, добија благодарници за учество на истиот.