Вечерва на сцената ќе ги погледнете сите наши играорци кои неуморно вложија многу труд оваа година, најавуваат од Културно уметничкото друштво „Брвеница“ од Брвеница.
-2023 година беше нашата љубилејна година 20 години од постоењето на нашето културно уметничко друштво Брвеница и може да кажеме дека покрај сите активности што ги имавме во 2023 почнувајќи со гостувањата кај нашите соработници од културните друштва низ нашата татковина, гостувања на телевизиски емисии, реализација на традиционална манифестација Брвеница игра и пее, меѓународни гостувања на фестивали во Србија и Бугарија вечерва успешно ја заокружуваме на домашен терен со новогодишен концерт за сите кои целата оваа година не поддржувате а ние на овој начин сакаме да ви се заблагодариме и да ви ја разубавиме оваа предновагодишна вечер, најавија од КУД „Брвеница.
Ги покануваме сите жители на општината и пошироко да ги погледнат и уживаат во кореографиите што ви ги подготвивме и уште еднаш им се заблагодаруваме на сите кои неуморно не поддржуваа изминатава година и секако голема благодарност на нашата општина Брвеница, на Министерството за култура како и на сите фирми и поедици кои секогаш не поддржувате и се надеваме во иднина ќе го оправдаме тоа и во следните години се надеваме на уште поголеми соработки и гостувања и претставувања како во нашата земја така и на гостувања и на фестивали надвор низ другите држави.
КУД Брвеница Ви ги честита новогодишните празници.