Соопштение на СВР Тетово 18 јануари 2024
На 17.01.2024 во 21.00 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Л.Н.(20) од истото село. Тој се сомничи дека околу 18.30 часот во селото недолично се однесувал и се обидел да допира по телото 25 – годишна соселанка. Според пријавеното, истото го направил и претходниот ден на нејзините сестра и мајка, на кои се обидел да им одземе и мобилен телефон. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 17.01.2024 во 14.00 часот на улица „ЈНА“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле лицето С.Џ.(31) од Тетово. Тој бил баран со судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 17.01.2024 во 17.10 часот во СВР Тетово, З.Р.(42) од Тетово пријавил дека околу 14.50 часот во неговиот угостителски објект во Тетово, Ф.Д., М.Н. и Ѓ.С. оштетиле дел од инвентарот, физички го нападнале него, од вработениот со закана одзеле пари, додека пред објектот со тврд предмет оштетиле патничко возило „ауди а7“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Ѓ.(41) од Скопје, гостин во објектот. По преземени мерки било констатирано дека Ф.Д. е лице со здравствени проблеми, по што полициски службеници од СВР Тетово го обезбедиле и го спровеле во здравствена установа во Скопје. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 17.01.2024 во 16.20 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Љ.Т.(62) од Тетово. Тој бил пријавен од неговиот 67-годишен брат дека физички го нападнал и му се заканил со метален предмет. Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 17.01.2024 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во стан на улица „180“ во Тетово, сопственост на А.Г. од Тетово. Пожарот бил локализиран од сопственикот и други присутни лица, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Тетово.
На 17.01.2024 во 19.10 часот во Полициското одделение Групчин, М.Н.(62) од тетовски Групчин пријавил дека околу 18.20 часот на работното место на бензинска пумпа на регионалниот пат Тетово-Скопје, во с.Желино, тетовско, едно лице наточило бензин и заминало без да плати. Се работи на расчистување на случајот.