Давид Дамјановски, 21 годишник од Тетово го фати осветениот крст на годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм Свети Кирил и Методиј.
Митрополитот г. Јосиф заедно повеќе свештеници ја отслужи архиерејската литургија, чинот на водосвет и положување на осветениот крст во црковниот базен.
-По втор пат скокам по осветениот крст и за прв пат успеав да го фатам. Посакувам Господ да дарува здравје, љубов и бериќет оваа година, истакна Давид Дамјановски.
По осветениот крст скокнаа 24 годишниот Давид Ристовски, 23 годишниот Наден Ристовски и 21 годишниот Давид Дамјановски, сите тројца од населбата Два бреста во Тетово.
ас