Вчера (18 јули) околу 20 часот и 40 минути полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово, поради сомнение дека два часа пред тоа одзел патничко моторно возило „пежо 306 караван“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 65-годишниот тетовец И.А.
-Возилото било паркирано на улица „Јордан Златановски“ во Тетово, а околу 20 часот и 30 минути било пронајдено на улица „Фуштанска“ во Тетово. Извршен е увид од екипа на СВР Тетово и вратено му е на сопственикот, додека малолетникот е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово.