Ексклузивен величествен концерт направија Мега Бенд од Тетово засилени со една од најпознатите македонски солисти Анета Љумаковска вчера во еден од тетовските ресторани.
Ова уживање со најпознатите македонски и меѓународни хитови ексклузивно имаа можност да го проследат околу 500 луѓе кои имаа прилика да се забавуваат со слушајќи го препознатливиот глас на Анета Љумаковска и со одлична инструментална интерпретација на тетовскиот Мега бенд.
– Прв пат соработуваме со Анета и слободно можам да кажам дека досега ова е нашата најдобра комбинација со надворешен соработник-вокал. Верувам дека оваа предновогодишна забава ќе се памети уште многу години. Ние сакаме и планираме соработка со Анета и понатаму. Направивме навистина еден прекрасен спој на професионалци, но и луѓе со голема страст и желба да направат добра атмосфера, изјави Сашо Костадиновски, менаџерот на Мега бенд.
Тетовскиот Мега бенд е меѓу ретките музички состави во Македонија кои го сочинуваат музичари со универзитетско музичко образование, а дел од нив и самите се професори на музичката уметност.
Мега бенд е составен од Сашо Костадиновски на ударни инструменти, Влатко Петковски на бас клавијатура, Бобан Илиевски на дувачки инструменти, Јовче Петковски на хармоника, Јован Василевски клавијатура и вокалот Бобан Велјановски.
Анета Љумаковска е една од најпознатите македонски пеачки, доскоро дел од групата Молика.
ПР објава