Од 10 до 14 септември во тетовскиот Центар за култура „Иљо Антески-Смок“, Националната установа „Тетовски театар“ ќе биде домаќин на деветтиот меѓународен театарски фестивал во Тетово. Ќе има пет претстави од вторник до сабота, по избор на Тетовски Театар.
-Почнуваме во вторник со премиера на комедијата „Измамите на Патук“ според текст на Ѓерѓ Фишта во изведба на нашата установа Тетовски Театар и во режија на Куштрим Бектеши, информираше директорот на Театарот, Абдула Османи.
„Чудесна терапија“ по текст на Даниел Глатауер на Драмски театар Скопје во режија на Димче Николовски е единствената претстава на македонски јазик која ќе биде изведена на 11 септември, среда. Главните улоги ги толкуваат Соња Стамболџиоска, Маја Вељковиќ Пановска и Предраг Павловски.
„Следниот ден, гостива Гостиварскиот театар со претставата „Отворен пар“ во режија на Сулејман Рушити. Во четврток 13 септември имаме претстава која ни доаѓа од Турција, од Театарот во Бурса, која ќе ја изведе претставата „Трите патувања на лоботомобилот“, информираше Османи.
Во сабота се затвора фестивалот изведба на претставата Крилјата на пчелата“ во режија на Арменд Зеќири, од Театарот од Подујево, Косово.
Сите претстави почнуваат во 20 часот, освен последната во сабота 14 септември која ќе почне во 17 часот, а влезот е слободен.