Тетовчани вечерва имаа убава можност во Музејот на тетовски крај (Дом АРМ) да видат десетици уметнички слики и детски цртежи, различни по многу елементи, но сите со заеднички мотив и тема – Тетово.
„Тетово мојата инспирација“ освен колективна изложба беше прилика за дружба и забава со настапот на тетовското трио „Шербет“ со придружба на неколкумина инструменталисти од градот под Шара.
Секој од нас во својот домен и знаење да направи мали чекори за да ја зачува слободата мислам ќе биде доволно да ја зачуваме слободата, рече за поимот слобода во пригодно обраќање, Драги Неделчевски, фотограф.
Тетовска стара градска архитектура и градски симболи се како вечна инспирација уметниците, рече Бошко Видоески, архитект за препознатливоста на Тетово во уметничките слики и цртежи.
Вокалите од музичкото трио „Шербет“ и тетовските музичари потсетија на убавите песни напишани за Тетово.
Главната свеченост „80 години Слободно Тетово“ ќе се одржи на 18 ноември во Центар за култура, во пресрет на денот на ослободување на градот на 19 ноември 1944 година.
ас