Општинска организација на Црвен крст Тетово, во соработка со Општина Тетово со помош на стручни тимови од Центар за Трансфузиона Медицина Тетово, организираат акција на крводарување во просториите на Средно медицинско училиште “Никола Штејн” во Тетово. Акцијата е на ден 17.04.2025 година, четврток, со почеток во 13:30 до 16 часот.