Соопштение на СВР Тетово
На 28.09.2024 околу 20.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје патничко возило „Голф“ со регистерски таблици од Свети Николе, управувано од В.З.(24) од Свети Николе, излетало од коловозот.
Возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Тетово. По наредба од Јавен Обвинител при ОЈО Тетово, телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција. Увид извршува екипа од СВР Тетово.