Соопштение на СВР Тетово 18 јули 2024
На 17/18.07.2024 во периодот од 23.30 до 05.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во ноќен клуб во тетовско Горно Седларце, каде управител е А.И.(27) од Горно Седларце. При контролата во објектот биле затекнати 32 странски државјанки на возраст од 20 до 40 години од Русија, Молдавија, Украина, Косово, Албанија, Србија, Словенија и Казахстан кои го злоупотребиле престојот, односно престојувале во РСМ спротивно на целта. Тие се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
…….
На 18.07.2024 во 01.00 часот во тетовско Требош, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода Е.К.(21) од тетовска Палатица и Б.С.(18) од Требош затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
……
На 17.07.2024 во 12.30 часот на улица ,,Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, поради непријавен престој во нашата земја, го привеле М.Г.(48) од Република Албанија. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
……
На 17.07.2024 во 16.00 часот на Граничниот премин Јажинце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Р.(47) од Косово затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Србија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.
……
На 17.07.2024 во 13.40 часот во Полициското одделение Теарце, Ш.Ш.(58) од тетовско Доброште пријавил дека околу 12.50 часот во неговиот двор, поради нерасчистени односи, физички бил нападнат од неговиот соселанец Ј.Е.. Се преземат мерки за расчистување на случајот при што ќе следува соодветен поднесок.
……
На 17.07.2024 во 20.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце го лишиле од слобода Т.Т. од тетовско, кој бил пријавен од неговата ќерка Б.Т.(22) дека во семејниот дом физички ја нападнал, при што употребил и метални предмети. Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.
……
На 17.07.2024 во 12.00 часот во СВР Тетово бил задржан Б.И.(30) од Тетово, кој бил пријавен дека претходниот ден го одзел дневниот промет од спортска обложувалница каде што работел. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
……
На 17.07.2024 во 21.30 часот во СВР Тетово, двајца 55 – годишни сопружници од тетовско село пријавиле дека нивниот син Е.Х. и нивната снаа Х.Х. физички ги нападнале. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
…….
На 17.07.2024 во 19.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(60) од Тетово, кој бил пријавен од неговата 38 – годишна ќерка од Тетово дека физички ја нападнал. Тој е задржан во полициска станица Тетово за понатамошна постапка, по што ќе следува соодветен поднесок.
……
На 17.07.2024 во 15.30 часот во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив бил со тешки телесни повреди бил донесен И.И.(28) од тетовско Ѓермо. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи во куќата на А.Ф.(28) во Тетово. Увид на местото извршиле екипа од СВР Тетово и трудова инспекција.
……
На 18.07.2024 во 00.20 часот во тетовска Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ѓ.Б.(55) од Брвеница, кој бил пријавен од А.С.(43) од истото село дека претходниот ден околу 22.30 часот во дворот на училиштето со дрвен и остар предмет се заканил на тројца малолетници и се обидел да ги нападне. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
……
На 18.07.2024 во 02.00 часот на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ф.Х.(40) од Гостивар, кој околу 01.20 часот во СВР Тетово бил пријавен од Б.А.(52) од Гостивар дека во неговиот угостителски објект физички ги нападнал него и неговиот син, при што употребил и остар предмет и нанел повреда на неговиот син, по што и сам се повредил. Се преземат мерки за расчистување на случајот.
……
На 17.07.2024 во 15.05 часот во СВР Тетово, Ј.Б.(31) од Гостивар пријавил дека во депонијата „Русино“ настанал пожар во товарно возило „даф“ со гостиварски регистарски ознаки. Повредени лица нема, а по интервенција на гостиварската Територијална противпожарна единица пожарот бил изгаснат. Увид извршила екипа од ОВР Гостивар.
…….
На 17.07.2024 во периодот од 11.00 часот до 15.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои вршат јавен превоз на патници без поседување на соодветна лиценца При контролата биле откриени и санкционирани 4 возила (ТЕ-2 и ГВ-2) кои вршеле јавен превоз на патници без да поседуваат соодветна документација, 2 возила во Гостивар кои немале извршено вонреден технички преглед, 1 технички неисправно возило (ГВ), како и 16 (ТЕ-8 и ГВ-8) останати прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до учесниците во јавен превоз на патници, автобуси, минибуси, комбиња или патнички-такси возила, навреме да ја проверат техничката исправност на возилата, посебно на сопирачките и уредите за управување, но и на светлосната сигнализација, пневматиците и другите системи. На тој начин најнепосредно ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на патниците што ги превезуваат, како и на другите учесници во сообраќајот.