„Тетово сака фудбал“-децата за нашиот град Тетово е насловена активноста односно натпреварите кои по повод спортската недела се организирани од Општина Тетово денес 18.07.2024 година.
Ќе се одиграат неколку натпревари помеѓу фудбалска школа Фит Кид – Тетово, Академија Пандев и ФК Тетекс, кои ќе почнат од 19 часот на фудбалското игралиште на Спортски Центар во Тетово.
Од оправдани причини екипата на ФК Љуботен нема да учествува. Поканети се сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат во играта децата од фудбалските школи.