Вчера во Тетово Општинската Организација на “Движење ЗНАМ – За наша Македонија” одржа Изборна Конференција, при што за Претседател го избра Небојша Захариески, а за Секретар Дејан Блажевски. Извршен одбор во состав од: Јованка Стеваноска, Тевдо Ѓорѓевски, Раде Симоновски, Душко Коцевски, Дејан Блажевски, Мирослав Симоски, Радмила Рафајловска, Димчо Кузманоски, Зоран Грковски, Томица Ивановски и Наташа Трпеска. За членови на Надзорен одбор се избрани: Маја Димитријеска, Јонче Николовски и Владимир Мисајловски, информираат од Движење ЗНАМ- За наша Македонија.