На подрачјето на СВР Тетово со несмален интензитет и динамика продолжуваат засилените контролни активности во сообраќајот.
Вчера (8 јануари) од 14 до 20 часот спроведена е уште една од серијата контроли за брзина со која се движат возилата. При контролата биле откриени и санкционирани 20 возила, односно возачи (ТЕ-18 и ГВ-2) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, најмногу за 30 до 50 километри на час.
Покрај ова, со соодветни поднесоци било заокружено и 51 (ТЕ) пречекорување на пропишаната брзина во населено место, од кои 3 за повеќе од 50 километри на час, како и 5 (ТЕ-3 и ГВ-2) други видови сообраќајни прекршоци. На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност.
-Секторот за внатрешни работи Тетово со повторен апел до возачите да ја прилагодат брзина според условите на патот, посебно доколку патуваат кон Попова Шапка, Маврово или по долината на Радика и задолжително да поседуваат зимска опрема. Зашто, поради ниските температури наутро и навечер коловозите подмрзнуваат и стануваат лизгави, а во долината можни се и одрони од земја и камења. Се апелира, исто така, навреме да ја проверуваат техничката исправност на возилата и да се воздржат од консумирање на алкохол доколку седнуваат зад волан, порача Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Неприлагодената брзина и минатата година беше причина број еден за најголемиот број од случените сообраќајни несреќи на подрачјето на СВР Тетово.
ПРЕТХОДНО ЧИТАВТЕ