Независен Медицински Синдикат по повод ден на здравјето денес од 10 до 10:30 часот одржа протест со барање за подобри услови за работа во јавните медицински установи низ цела Македонија. Во Тетово протестираа Дел од вработените во Клиничка болница Тетово и Здравствен дом кои се членови на синдикатот.
Еден од најголемите проблеми е недостигот на кадар, посочи координаторот на Независен Медицински Синдикат за Тетово Ариф Ибраими во изјава за медиумите.
„Бројот на вработени не кореспондира со препораките од СЗО како установа сме региситриани за 470 кревети, за кои треба да има тројца вработени по кревет, речиси 1500 вработени за да оптимално се изврши и даде здравствена услуга. Нас ни фалат најмалку 400 вработени за да се изврши оптимална здравствени услуга, изјави Ариф Ибраими.
Независен Медицински Синдикат во повеќе градови одржа протест од кои се истакнаа барањата:
-Сакаме да им посочиме на идните функционери и на идната Македонска Влада да имаме здрава нација треба да имаме квалитетно здравство, тоа значи современи апарати, квалитетни обуки и што е најважно добро платени здравствени работници.
-Исто така, бараме трајно решение на над 1.100 здравствени работници и помошно-технички персонал кои се со Договор за дело или со Решение за времено вработување со цел да имаат достоинствен работен статус и севкупно враќање на довербата во правото севкупно во Македонија.
-Бараме во здравството да има неселективно вработување, унапредување и пополнување на работни места, усогласување на плата согласно Закон за минимална плата, зголемување на коефициенти како додатоци на плата за да ме заминуваат вработените на пореспектабилни н понеодговорни работни места, реална исплата на бенефициран стаж согласно Правилник за утврдување на работни места на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење, поради зголемениот егзодус на вработени,
-Поголема информираност за отворање на паралелка за медицински сестри акушерки елиминирање на неквалитетно преквалификации а со тоа отсуство на професионалност, како и изедначување на бенифициран стаж на медицинска екипа во Итна медицинска помош.
ас