Прес-конфренција на претседателот на ВМРО ДПМНЕ-Тетово, Александар Велјановски
Секој ден сме помеѓу Вас. Средбите со Вас се мотивирачки ,се чувствува енергијата за промени .Ние активно ги промовираме политиките на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ под реден број 2, Гордана Силјановска-Давкова,одиме на двојна победа.
За да дојдеме до максимална победа би сакале да ви соопштиме дека Македонија се наоѓа пред историски крстопат на кој со подршка од вас, заеднички мора да ги доведеме работите на правилниот пат,Македонија повторно да биде горда.
Изборот кој следи е избор помеѓу криминал и корупција или владеење на право, сиромаштија и иселување или економски просперитет, лажни ветувања или реално предвидени проекти.
Владината коалиција на СДС и ДУИ е во слободен пад, дојде на власт со укинување на радиодифузна такса, но потоа удри по џебот на граѓаните со разни административни такси, маржи, даноци, мрежарини. Денеска власта е се побогата а народот посирпмашен
СДСМ и ДУИ се на заминување, расипнички ги трошат народните пари, масовно вработуваат партиски кадри, а за големите партиски играчи следуваат милионски тендери, Македонија е со рекорден буџетски дефицит во 2024 година. За овие7 години СДСМ брутално ја пљачкосува Македонија и нејзините граѓани, ја задолжува во странство, без ниту еден завршен капитален проект.
ВМРО-ДПМНЕ има целосна подршка од приватниот сектор, нуди иднина за македонската економија, развој на бизнисот и благосостојба на граѓаните. Да им ставиме крај на понижувањата, да им го вратиме достоинството на граѓаните и гордоста на Македонија.
Почитувани сакаме да Ве информираме дека во попладневните часови, тимови од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со промоција на политиките кои ги застапува нашиот кандидат за Претседател, Гордана Силјановска-Давкова во тетовските населби Певчина, Два Бреста и Центар.