Во Тетово, се одржа средба на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами со претставници на Координативниот совет на дијаспората. Целта како што рече Касами е реализирање на проекти насочени кон зајакнување на врските со дијаспората и промовирање на инвестициите во Општина Тетово.
„Денес сум посебно среќен што денес не посетија важни луѓе од албанската дијаспора, од Координативниот совет на дијаспората. Во рамките на овој совет се битни членови на албанската дијаспора секаде во светот, од САД, Канада, Велика Британија, Франција, сите европски држави во регионот. Се работи институција која придонесува во делот на соработката на Албанците секаде во светот. Со нив разговаравме за конкретни проекти со кои може да соработуваме во иднина. Посебна благодарност до еден важен член на нашето општество, еден важен граѓанин Лазим Дестани. Во иднина заедно со него и заедно со советот ќе работиме, ќе соработуваме за да реализираме проекти во интерес на сите граѓани во Тетово, рече Касами.
Градоначалникот информираше дека дека вчера имал состанок на кој со претставнички на дијаспората фокусот бил на проектите поврзани со жените од руралните средини.
фото Општина Тетово