Продукцијата Арбфилм со поддршка од Министерството за култура во Тетово ќе прикаже филмови, фотографии изработени со мобилен телефон и ќе објави каталог со актери. Активностите ќе се реализираат во ЕУ инфо куќата и Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово од 16 до 20 декември 2024.
Филмовите кои ќе бидат титлувани на македонски јазик ќе се прикажуваат секој ден од 19 часот во ЕУ инфо куќата.
„Ќе бидат прикажани филмовите „Враќање“ од Кастриот Абдили, „Таткото“ од Шќипе Дука, „Незаборавна пролет во заборавено село“ од Куштрим Бектеши, „Исчезнатиот“ од Арбен Тачи, „Скриениот“ од Арсим Фазлија, информираат од Арбфилм продукција.
На 20 декември со почеток во 13 часот во просториите на ЕУ Инфо куќата, ќе се организира изложбата на селектирани фотографии од професионалци и аматери кои прикажуваат уникатни моменти уловени со мобилни телефони како и Каталог кој ги документира албанските актери.
„Овој проект, има за цел да создаде мост меѓу уметниците и публиката, славејќи ја уметноста и културното наследство, со разновидна програма и посебен фокус на промоција на албанските уметници од Северна Македонија. „Уметничко патување“ ветува неповторливо и инспиративно доживување за љубителите на уметноста, информираат од Арбфилм продукцијата.