Соопштение СВР Тетово 28 јули 2024
На 27.07.2024 во 15.55 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.Р.(28) од тетовско Желино, кој бил пријавен од неговата невенчана сопруга од Тетово дека физички ја нападнал. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 27.07.2024 во 17.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово –Волковија, во близина на Брвеница, настанал пожар на работна машина багер, сопственост на Р.А.од тетовско Селце. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид извршила екипа од СВР Тетово.
Денеска (28.07.2024) во 02.00 часот на локалниот пат во с.Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода А.М.(35) од с.Равен, гостиварско. При преглед во возилото во кое се превезувал, кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.07.2024 година во 01.00 часот во СВР Тетово, Б.К.(28) од Тетово пријавил дека околу 23.00 час. на улица ,,Илинденска” во Тетово, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
На 28.07.2024 во 04.10 часот во СВР Тетово, Е.А. од Тетово пријавил дека на улица ,,Илинденска ” во Тетово, бил физички нападнат од С.Р. од Тетово.Се работи на расчистување на случајот.
На 28.07.2024 во 01.00 часот во СВР Тетово, Г.М.(49) од тетовски Челопек пријавил дека од затаклано зрно од огнено оружје му било оштетено неговото патничко возило „ауди” со странски регистарски ознаки, кое околу 22.30 часот го паркирал на улица ,,Илинденска” во Тетово. Полициски службеници од СВР Тетово го подигнале зрното за понатамошна постапка.
…..