Со свечена седница на Советот на Општина Тетово, пригодно обраќање на градоначалникот како и доделување на признанија се денес се одбележа Денот на Општина Тетово 3 Март. Свечената 29-та седница на Советот ја почна претседателот Бесар Дурмиши, по што пригодно обраќање имаше градоначалникот Биљал Касами.
„3 март е многу важен ден за тетовчани, бидејќи од тој ден тие одлучуваат за својот град, го избираат тимот што ќе ги води четири години. Изборот на општинските советници уште повеќе ги зближува граѓаните со институцијата Општина, со работата и обврските што институциите ги имаат кон граѓаните. Годинава 3 март го одбележуваме во пријатна атмосфера, каде општинските услуги секогаш се подобруваат, а граѓаните сè повеќе ја разбираат важноста на локалната власт. Денот на општината е прослава на демократијата и суштинската отвореност кон граѓаните. Тоа е прослава што го одбележува заедничкиот граѓански ангажман во негувањето на демократските вредности, транспарентноста, отчетноста и учеството на сите општествени чинители во креирањето на јавните политики за доброто на сите граѓани“, истакна Касами.
Градоначалникот Касами оцени дека 2023 е година на реализација на многу крупни проекти не само во инфраструктурата, туку и во образованието, културата и други сфери.
„Една година се работеше многу, но ќе се осврнеме само на поголемите проекти, почнувајќи од отворањето на патот во селото Вејце, многу важен сегмент за жителите на овој крај, потоа отворањето на булеварот Благоја Тоска, кој со години беше заборавен, а ние за една година успеавме целосно да го завршиме. Друг проект поврзан со инфраструктурата е продолжување на булеварот В.С. Бато кој пробива до село Порој, и кој годинава ќе биде завршен и во служба на граѓаните. Инвестициите во патната инфраструктура, подземните инсталации и регулацијата на атмосферската и фекална канализација ја потврдуваат нашата посветеност. Добивме голем проект за изградба на фекална канализација во селата Порој, Џепчиште, Мала и Голема Речица, дел од градот и село Фалише, проект кој изнесува 40 милиони евра, средства обезбедени од меѓународни институции, како и многу други инфраструктурни проекти“, истакна Биљал Касами.
До 2002 година ден на општина Тетово се одбележуваше Денот на ослободувањето 19 Ноември. Од 2003 година за ден на општината е избран 3-ти март 1992 како датум кога е одржана првата седница на повеќе партиски совет на општина Тетово.
Награди и признанија им се доделија на истакнати над 100 поединци, клубови, организации и правни лица во знак на благодарност за постигнатите резултати во разни области од секојдневниот живот и дадениот особен придонес за афирмацијата на градот Тетово.
Ø Култура |
Сабедин Селмани – режисер |
Француска Алианса – во областа на културата |
Блетзат – фестивал за деца |
Музбајдин Ќамили – актер |
Биг Мама – пеачка |
Мифтар Мемети – уметник |
Бурим Ајдини – уметник |
Левко Богдановски – режисер |
Вулнет Кучи – уметник |
Ø Ветерани на образование |
Веби Беџети – просветен ветеран |
Неџдете Имами Палоши – просветен ветеран |
Никола Лочев – просветен ветеран (Post Mortum) |
Хуреме Гура – просветен ветеран |
Зејна Халими – просветен ветеран |
Добрила Веселиноска – просветен ветеран |
Ø Спорт |
Берат Имери – тренер на годината |
Агим Ибраими – фудбалер |
Серафим Вучевски – голман (Post Mortum) |
Ерјона Јонузи – одбојкарка |
Алдина Абази – каратистка |
ЖФК “Љуботен” – Шампион во фудбал за жени |
Ердона Зибери – каратистка |
Дрита Абдиу – параглајдеристка |
Ислам Ибрахими – тренер на победничка екипа на меѓународниот турнир Тетовo 2023 за деца У-15 во фудбал |
Клуб на алпинисти “Тетовo” |
Флутура Ибрахими – Ута – алпинистка |
Јован Божиновски – алпинист |
Во областа на медицината |
Игбале Руси Ферати – гинеколог (Post Mortum) |
Бобан Вучевски – специјалист кардиохирург |
Др. Махмуд Бајрактари – лекар (Post Mortum) |
Далибор Смилески – специјалист психиатер |
Ахмет Орхан Демири – стоматолог |
Иван Карапетров – торакална хирургија |
Душица Стефановска – специјалист, ендокринолог |
Исмаил Ќамили – интернист |
Мерале Реџепи – гинеколог |
Оливера Атанасовска – специјалист по лабораторија |
Различни личности |
Џевдет Хајредини – аналист за економски и политички прашања – поранешен министер за финансии |
Свето Тоевски – новинар |
Муртезан Исмаили – поранешен градоначалник на Општина Тетово |
Мола Ејуб Селамни – учител на Куранот |
Аднан Емини – хуманист |
Исмаил Камбери – активист за правата на ромската заедница |
Серафим Грначароски – во областа на информатиката |
Нијад Исмаили – занаетчија, столар |
Невин Мамуди- занаетчија, традиционални носии |
Исан Садики – еден од најстарите бербери |
Абдулџемил Јусуфи – занаетчија, златар |
Џелал Џемаили – занаетчија, кројач |
Перица Сарџоски- во областа на образование |
Абдулселам Емини – (Post Mortum) |
Исмаил Мемети – (Post Mortum) |
Елизабета Стојчевска – во областа на образование |
Поранешни вработени во Општина Тетово, пензионирани во текот на 2023 година |
Латиф Џемаили – Општина Тетово |
Сами Беќири – Општина Тетово |
Хумрије Исаки – Општина Тетово |
Илаз Ибиши – Општина Тетово |
Енвер Беќири – Општина Тетово |
Аднан Беадини – Општина Тетово |
Теодосија Дамјановски – ТППЕ |
Сашо Мишевски – ТППЕ |
Поранешни вработени во Основните училишта на Општина Тетово, пензионирани во текот на 2023 година |
Џемаледин Јонузи – ООУ “Перпарими“ |
Букурије Џафери – ООУ “Наим Фрашери“ |
Бехије Беџети – ООУ “Наим Фрашери“ |
Ќаније Јашари – ООУ “Наим Фрашери“ |
Сузана Сабриу – ООУ “Наим Фрашери“ |
Букурије Алими – ООУ “Братство Миѓени“ |
Нарциза Идризи – ООУ “Братство Миѓени“ |
Неслихане Ибрахими – ООУ “Братство Миѓени“ |
Петруца Стојаноска – ООУ “Братство Миѓени“ |
Виолета Деспотовска – ООУ “Кирил и Методиј“ |
Џевџет Амети – ООУ “Кирил и Методиј“ |
Бранкица Бојаџиевски – ООУ “Гоце Делчев“ |
Мира Русевска – ООУ “Гоце Делчев“ |
Роса Ристовска – ООУ “Гоце Делчев“ |
Мируше Дехари – ООУ “Гоце Делчев“ |
Гани Хисмани – ООУ “Реџеп Вока“ |
Алирами Узаири – ООУ “Реџеп Вока“ |
Мевлан Мухареми – ООУ “Реџеп Вока“ |
Јонуз Зејнели – ООУ “Реџеп Вока“ |
Јордaна Ананиева – ООУ “А.С. Ќиќиш“ |
Линдита Беќири – ООУ “Истигбал“ |
Лулјета Јусуфи – ООУ “Ѓ.К.Скендербеу“ |
Насер Исмаили – ООУ “Рилиндја“ |
Хавије Рамадани – ООУ “Рилиндја“ |
Поранешни вработени во средните училишта на Општина Тетово, пензионирани во текот на 2023 година |
Јахја Јахјаи – ОСУ “8 Септември” |
Фаик Адеми – ОСУ “8 Септември” |
Кадире Јусуфи – ОСУ “8 Септември” |
Селами Сула – ОСУ “8 Септември” |
Ќамил Ќамили – ОСУ “Никола Штејн” |
Благој Панев – ОСУ “Никола Штејн” |
Беџет Деари – ОСУ “Никола Штејн” |
Џевит Амити – ОСУ “Никола Штејн” |
Лидија Илијовска – ОСУ “Никола Штејн” |
Абдулмеџит Шаќири – ОСУ ”Ѓоце Стојчески” |
Мелуше Хисмани – ОСУ ”Ѓоце Стојчески” |
Милаим Ибраими – ОСУ ”Ѓоце Стојчески” |
Поранешни вработени во Детската градика “Младост” на Општина Тетово, пензионирани во текот на 2023 година |
Регаипе Салихи |
Афрдита Адеми |
Фатмире Зејнели |
Убавка Димитриевска |