Организацијата на ноќниот турнир во мал фудбал „Ратае” во знак на поддршка и хуманост, реши да ја потпомогне нашата Дијана и нејзиното семејство во собирањето на средствата со донирање на 15.000 денари.
-Со ова сакаме и останатите да ги поттикнеме несебично и поактивни да се вклучат во процесот на собирање пари и да и помогнеме на Дијана, порачаа организаторите на турнирот.
Во 2022 година на Дијана и бил дијагностициран рак на матка, а сега поради метастазирање на белите дробови потребно е дополнително лекување во Турција.
Донациите може да се уплатат на сметка на Дијана 200002512150321 во Стопанска банка АД Скопје.
Дијана е сопруга и мајка на две деца на 7 и 9 години. Не може да работи од почетокот на лекувањето.